Мојот 3-годишен син го совлада изгледот што го нарекуваме „лути веѓи“. Тој ги спојува веѓите секогаш кога не му се допаѓа она што се случува. Па, ако му речам „не“ кога бара благо за појадок или гледање јутјуб-видеа од деца што отвораат играчки 11 часа по ред, добивам „лути веѓи“. Тоа е негов начин да ми каже дека сум најлошиот родител.

Новата тема на „Редит“ во која родителите споделуваат зошто се најлоши според мислењето на нивните деца направи да се чувствувам помалку осамена поради постојаното разочарување на мојот син кога всушност навистина напорно се трудам да бидам најдобриот родител.

– Мојата 3-годишна ќерка само што имаше нервен слом и ме нарече најлош татко затоа што не сакам да одам до „Данкин донатс“ и да ѝ купам крофна. Потоа продолжи да плаче околу 20 минути додека не ѝ објаснив смирено дека не е повредена, не е исплашена и не е во опасност, и дека тој вид плачење е неприфатлив. Потоа ја нишав како бебе неколку минути, па ѝ направив тестенини. Сега гледа „Патролни шепи“ и јаде тестенини. Сигурен сум дека беше гладна.

– Моето дете врескаше „САКАМ ДА СИ ОДАМ ДОМА“, а веќе бевме во нашата куќа. Мислам дека само сакаше да вреска, па не се сети на ништо друго.

– Мојот речиси 3-годишен син имаше тантрум утрово затоа што сакаше телефон откако виде реклама за мобилни телефони. Мирно му објаснив дека мобилните телефони се за возрасни и дека се скапи и кршливи. По многу плачење се увери дека не сака телефон. Сакаше видеотелефон. Односно, сакаше да гледа повеќе реклами за телефон.

– Мојата 2-годишна ќерка се расплака затоа што беше малку пополничка за блузето што сакаше да го носи, па ѝ беше тесно. Причината за плачење беше тоа што не сакаше да го соблече, но не сакаше ни да го носи.

– Вчера моето 2-годишно дете рече дека не ме сака затоа што стоев на „погрешната“ страна од собата.

– Ќерка ми имаше тантрум затоа што ми рече да ја испеам песната од телевизија, а јас ја прашав да ми појасни подобро. Како се осмелив!

Автор: Мелиса Вилетс

Извор



912

X