Цветанка Петрова, инженер-технолог и нутриционист

Цветанка Петрова, инженер-технолог и нутриционист

Нутрико диет клуб
магистранд на Диететика
е-пошта: nutrikodietklub@gmail.com
веб: www.mojnutricionist.mk

Повеќе од авторот

Децата имаат потреба да внесуваат мали количества шеќери секојдневно. Тие се извор на енергија. Но, денес децата внесуваат премногу додатен шеќер, а тој нема никаква нутритивна вредност и не го обезбедува детскиот организам со неопходните супстанции за раст и развој. Во многу производи што ги консумираат има големи количества „скриен“ шеќер.

За да избегнеме и поголемо внесување шеќери, многу е важно вие, родителите, да сте секогаш „на низок старт“, спремни да понудите некоја здрава замена. Препорачувам да се јаде свежо овошје, кое може да биде и во облик на интересно сервирана овошна салата или смути. Исто така, добра замена е и сувото овошје, кое може да го прелиете со темна чоколада. Домашен милкшејк со банана, млеко и лешници е исто така една здрава, слатка ужина.

Сериозни држави прават промени во законските регулативи за населението, а со тоа и децата да го намалат внесот на шеќери во организмот. Ваквите промени имаат позитивен ефект врз здравјето на целата популација, но најмногу врз здравјето на децата, со оглед на тоа дека децата најмногу ги пијат токму слатките безалкохолни пијалаци, а преку нив внесуваат и најголем дел од вкупниот внес на шеќери.

Словенечкиот институт за нутриционистика (нутриционизам) неодамна укажа на резултатите од променетата даночна регулатива во Велика Британија, со која засладените безалкохолни пијалаци се оданочуваат со повисока стапка.

Имено, студијата спроведена од Универзитетот „Оксфорд“ покажува дека помеѓу 2015 и 2018 година во Велика Британија количината на шеќер во безалкохолните пијалаци била намалена за 30%. Ова значи дека во просек секој жител дневно внесувал по 4,6 г помалку шеќер.
Во истражувањето биле вклучени над 7.000 производи, 57 произведувачи и 195 брендови на безалкохолни пијалаци.
Просечно гледано, во 2018 година концентрацијата на шеќер во безалкохолните пијалаци се намалила од 4,4 г/100 мл на 2,9 г/100 мл.
Ова е последица на константниот притисок врз самите произведувачи што повеќе да ја намалат концентрацијата на шеќер во пијалаците што ги произведуваат, но голема улога има и воведувањето данок на шеќер.
Имено, пијалаците што содржат поголеми концентрации на шеќер се оданочени со повисока стапка, односно произведувачите плаќаат повисок данок, кој изнесува 24 пени (pennies) за литар безалкохолен пијалак кој содржи над 8 грама шеќер во 100 милилитри.
Поради воведувањето на ваквиот данок, 8 од 10 произведувачи на слатки безалкохолни пијалаци ги реформулирале своите производи.
Иако продажбата на слатки безалкохолни пијалаци во тој период (од 2015 до 2018) се зголемила, сепак, се продавалe сè повеќе пијалаци што содржат помалку шеќер или такви што воопшто не го содржат.
Експертите велат дека резултатите се последица на сè поголемата понуда на пијалаци со помала содржина на шеќер, но и на променетите навики на самите потрошувачи.

Затоа , како нутриционист, целосно ги поддржувам ваквите регулативи. Сметам дека ваквата позитивна политика која се однесува на јавното здравје треба да биде пример за сите земји.
Но, дали оваа мерка ќе дава уште поголеми резултати, како во Велика Британија така и во останатите земји, останува да видиме.



912

X