Четиригодишниот Чарли Дефраја од САД за малку ќе умрел кога метална сламка му пробола витална артерија во грлото и привремено му го прекинала протокот на крв во мозокот. Момчето паднало преку работ на тремот додека пиело сода со метална сламка, која му го пробола грлото.

Кога родителите излегле и го виделе лицето на синот облеано во крв, најпрвин помислиле дека си го гризнал јазикот. Но, кога пристигнала брзата помош, станало јасно дека загубата на крв на момчето е последица на сериозна повреда.

„За малку не искрвави до смрт“, изјавил д-р Ричард Скривен, шеф на педијатриска траума во болницата Стони Брук. Лекарите утврдиле дека Дефраја претрпел повреда на внатрешната каротидна артерија, еден од главните патишта што го снабдуваат мозокот со крв и кислород. Тие го запреле крвавењето притискајќи ја раната со газа, но санирањето на артеријата било предизвик.

Хирурзите ја санирале раната на грлото на момчето преку цевка вметната во бутот

Откако лекарите успеале да го лоцираат изворот на крвавењето, морале да размислуваат надвор од рамките. Така тие дошле до идеја да вметнат тенка цевка во артерија во бутот и да ја туркаат низ циркулаторниот систем до раната на вратот. Потоа создале целосно нова каротидна артерија во старата каротидна артерија на Чарли, користејќи стентови за да го запрат крвавењето и да го вратат протокот на крв во мозокот. Операцијата траела само 45 минути, а по една недела во медицински индуцирана кома момчето почнало да закрепнува.

Металните сламки не се безбедни за децата

Дефраја добро закрепнал, но несреќата беше доволна за неговата мајка засекогаш да се откаже од металните сламки.

Иако металните сламки станаа популарна алтернатива на пластиката за еднократна употреба, тие се поврзани со неколку повреди во минатото.

„Старбакс“ ги советуваше родителите да ги држат сламките од не’рѓосувачки челик подалеку од децата откако добија извештаи за мали деца кои си ја сечат устата со нив. Во 2016 година компанијата повлече 2,5 милиони метални сламки и ги замени со акрилни сламки.

Извор



912

X