Дали некогаш им велите „не“ на вашите деца?

Како дете, често го слушав тој збор. Кога имав 3 години, еден човек ме праша како се викам и јас реков „Дејви, не, не“. Тој се смееше. Во тоа време не им беше тешко на родителите да кажат „не“. Една од најчестите и изненадувачки работи кои ги слушам од денешните родители е „Мислиш дека можам да кажам не?“ Родителите изгледа се премногу изморени, премногу зафатени, премногу вклучени во својата работа. Едноставно ја немаат енергијата да кажат „не“ кога навистина треба. Родителите не треба секогаш да го употребуваат тој збор кога детето ќе посака нешто, но треба да го кажат кога навистина е потребно.

Маркетинг-светот ги бомбардира децата со пораки за купување

Запомнете, децата се бомбардирани со такви пораки – и директно и суптилно, секој ден. Американската академија на педијатри објави дека просечно американско дете гледа повеќе од 40 илјади реклами годишно. 40 илјади пораки за купување значат дека родителите би требало почесто да велат „не“ на децата. Тригодишните деца може да препознаат во просек 100 логоа на брендови, а додека да наполнат 10 години, бројката е помеѓу 300 до 400 бренда. Исто така, рекламите се скроени за секоја индивидуа, па не е чудо што децата ги бараат сонцето, месечината и ѕвездите!

Сторија во „Њузвик“ наброила 17 реченици од листата „Начини да се каже – не“ на Џин Илси Кларк. Можете да си додадете уште. Вашето лице, гласот и телото треба да ги зајакнуваат пораките, зашто во спротивно децата нема да ви веруваат.

  • -Не
    -Едноставно НЕ.
    -Не и тоа е конечно.
    -Не, апсолутно не, нема шанси.
    -Не! Не прашувај ме повторно.
    -Дали ме слушна кога кажав не?
    -Размислив за тоа и мојот одговор е НЕ.
    -Немаме пари за тоа во моментов.
    -Веќе имаш доволно такви предмети.
    -Тоа е премногу старо за тебе.
    -Ни требаа пари за нешто друго.
    -Не го одобрувам тоа.
    -Добар обид.
    -Знам дека знаеш како да иритираш со убедувањето.
    -Најди нешто друго да правиш. Почнувам навистина да ти се лутам.
    -Твоето лелекање прави да мислам дека веќе имаш премногу играчки.
    -Размислувам да ги земам назад последните 5 работи што ги купив за тебе.
    -Јас се сеќавам дека реков НЕ.
    -Можеби не ме слушна кога реков дека нема да го направиме тоа?
    -Кој е возрасниот овде?
    -Нема да си го сменам мислењето за ова.
    -Го знаеш правилото и тоа не е сменето.
    -Можеби забележа дека не реков ДА.
    -Овој разговор е завршен. Сега заминувам.
    -Ова не е забавно. Смисли нешто друго за правење.
    -Твои се парите, но јас сум задолжен за нив.
    -Го тестираш моето трпение.
    -Јас сум родителот. Родителите ги носат овие одлуки.
    -Можеш да бидеш задоволен со тоа што го имаш.
    -Во ред е да сакаш нешто.
    -Желбата никогаш не убила никого.

А сега е време да се поврати моќта на „не“.

Автор: Дејвид Џ. Бреденхофт

Извор



912

X