Дорса Амир е истражувач на Универзитетот во Беркли која ги проучува начините на кои децата се развиваат и учат во различни култури низ светот. Таа е и модерна мајка која, како и сите други, го чувствува огромниот притисок на кој се изложени модерните родители. Затоа на својот твитер-профил составила листа со антисовети за родителите кои премногу се грижат дали доволно прават за своите деца.

– Не мора сè да биде едукативно! Што и да прават, децата СЕКОГАШ учат. Не мора да ги учите на букви или на животински звуци.

– Не чувствувајте обврска постојано да ги учите на нешто. Учењето на децата преку директна настава е најретката форма на учење во историјата на човештвото. Децата можат да учат на други начини – со набљудување. И тие се неверојатно добри во тоа.

– Во ред е да им е досадно и не мора постојано да ги забавувате и да смислувате нови активности за нив. Тие треба да научат да го прават тоа сами.

– Децата треба да искусат конфликти, како што се несогласувања и кавги со врсниците. Обидете се да не се мешате за да научат сами да ги решаваат.

– Негативните емоции не треба да се избегнуваат. Децата треба да ги запознаат и да научат да ги обработуваат. Целосно безгрижно детство без емоционални предизвици не е добра подготовка за живот.

– Не мора да му бидете кул пријател на вашето дете. Слободно бидете здодевен родител. Играњето со деца како да се пријатели е крајно невообичаено за човечкиот вид.

– Вашиот живот и распоред не мора да се вртат околу желбите на вашето дете. Важни се и желбите на другите членови на семејството. Детето ќе биде совршено задоволно кога ќе учествува во активности за возрасни.

– Не мора да им купувате стотици играчки. Децата можат да си играат со сѐ. Всушност, нивните омилени теми се за возрасни.

– Децата сакаат да ги имитираат возрасните. Така учат. Вклучете ги во домашните работи и тие ќе уживаат во тоа.

– Човечкиот вид е посебен по својата неверојатна „пластичност“. Можеме да се приспособиме на милион различни еколошки, културни и социјални околности. Тоа значи дека има милион различни начини да се биде човек и сите тие се еднакво правилни.

Извор



912

X