Воспитување

Родители не се согласиле околу името на ќерката, па ја именуваат со две различни имиња

Кога се работи за избор на име за вашето дете, може да биде прилично тешко да се пронајде она што и вам и на вашиот партнер еднакво би ви се допаднало.

Многу родители водат битка околу тоа, а целиот процес често завршува така што едниот мора да се откаже од својата идеја. За да го избегне тоа, еден пар е уверен дека смислил паметно решение. Имено, тие ја прекинале љубовната врска пред да се роди детето. Новата свршеница на таткото смета дека имаат смешен план и открила сè во објава на социјалната мрежа „Редит“, тврдејќи дека нејзиниот иден сопруг и неговата поранешна девојка користат различни имиња за својата ќерка бидејќи не можеле да се согласат околу едно име. „Детето добило име без согласност од мојот свршеник“, напишала таа, објаснувајќи дека девојчето добило име по мајка си и бабата од мајка ѝ, но и дека го носи мајчиното презиме. „Мојот свршеник беше бесен поради тоа и сакаше нивното дете да се презива како него, и да го добие името по неговата баба“, додала таа.

Родителите на крајот се договориле дека детето ќе го носи неговото презиме, но битката околу името не ја добил таткото. Авторката на објавата открила дека и битката за старателство над ќерката била многу тешка и дека нејзиниот партнер не можел многу да ја гледа својата ќерка додека не го прославила својот прв роденден. Меѓутоа, за да го избегнат враќањето на суд заради решавање на овој проблем, по една година одлучиле девојчето да има едно име кај мајката, а друго кај таткото. „Мислам дека тоа е смешно“, напишала жената признавајќи дека не планира да учествува во тоа. „Едноставно е глупаво детето да има две различни имиња. Тоа е една личност“.

Затоа ги прашала корисниците на „Редит“ дали мислат оти греши ако продолжи да го именува девојчето со името што ѝ го дала мајката. Повеќе од 700 луѓе коментирале, а многумина се согласиле со неа дека користењето две различни имиња ќе биде премногу збунувачко за ќерката. Еден од нив рекол: „На човекот кој дете, малечка личност, ја доживува како пион и пехар, очигледно не му е гајле што на детето тоа ќе му биде збунувачко. Тој е лош татко“. Друг напишал: „Човекот е неразумен, ситничар и покажува загрижувачки недостиг на самосвесност кога се во прашање аргументи и несогласувања“.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top