Од Универзитетската клиника за психијатрија – Скопје соопштија дека во наредниот период, поради новонастанатата ситуација со Ковид-19, ќе организираат дополнителна телефонска психолошка поддршка за оние граѓани и ранливи групи пациенти на кои овој вид помош им е потребна.

Ова се телефонските броеви на кои може да се јават родители на деца, лица во самоизолација, жители на Дебар и Центар Жупа итн.

1. Психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст – тел. 072/912-676;

2. Психолошка поддршка на возрасни лица во самоизолација – тел. 072/919-009;

3. Психолошка поддршка на граѓаните на Општина Дебар и Општина Центар Жупа, во соработка со Општа болница – Дебар тел. 070/241-807;

Во соопштението се наведува и дека пациентите што закажале во „Мој Термин“ за психолошко советување и психотерапија во закажаниот термин ќе бидат контактирани од страна на психолог и ќе се спроведуваат телефонски, со можност за видеоврска на некоја од интернет-мрежите (по договор).

Ќе биде обезбедена и психолошка поддршка на хоспитализирани пациенти поради Ковид-19 , во соработка со ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Граѓаните можат да се јавуваат на овие телефони од 9 до 16 часот, почнувајќи од утре, 17.03.2020.



912

X