Воспитување

Родители, каде ви е ставот? Сопственото мислење?

Со едукација за безбедност на деца на интернет се занимавам 6 години. Досега имам 250 предавања во 19 града во Србија. Моменталниот фокус ми е на едукација на родителите од оваа област, бидејќи навистина сметам дека родителите се клучни играчи кога е во прашање безбедното користење на интернет и социјалните мрежи. Меѓутоа, на онлајн работилниците што ги држам забележувам дека во последно време се создал тренд кој воопшто не ми се допаѓа, а тоа е – „Но сите го прават тоа“.

Аман луѓе! Каде е ставот? Каде е логиката? Каде е сопственото мислење? Каде е „ајде да направам нешто и да не ми е гајле за мислењето на таму некои непознати ликови од социјалните мрежи“?

Зошто повторно ги критикувам родителите? Затоа што со тој изговор „сите го прават тоа“ му влијаат на детето исто да размислува. Може пример? Вие сте родител кој не му дозволува на своето дете да гледа во мобилниот телефон. XY лице ви одржува предавање за тоа и вие го променувате ставот бидејќи сите го прават тоа! Фрчат лајкови за фотографиите на децата – и вие почнувате да објавувате фотографии бидејќи сите го прават тоа.

А потоа почнувате да му попуштате на сопственото дете. Му купувате најнов телефон бидејќи „сите го прават тоа“. Или има 8 години и профил на „Тик-ток“ бидејќи „сите се таму“.

Па што ако ги знае сите учесници во реални шоу, слуша лоша музика, ги навредува и понижува различните од себе – сите негови другари го прават тоа. Учествува во опасни предизвици од „Тик-ток“ бидејќи сите го прават тоа. Ги малтретира послабите бидејќи сите го прават тоа. Па до каде?!

Ова го пишувам бидејќи ми е ужасно за погрешно воспитување на деца, недостиг на дисциплина, за агресија, за малтретирање врсници да се обвинува некој друг поради тоа познато „сите го прават тоа“.

И сега како стара тетка да ве прашам: Ако сите скокаат во бунар, дали и вие би скокнале? Ако сите други се дрогираат, дали би му го дозволиле тоа на своето дете? Се разбира дека не! Работете со детето на изградба на неговото сопствено ЈАС! На неговото срце и ум, самодоверба и самопочит! Да биде индивидуа и оригинал, а не безлична „сите го прават тоа“ копија во масата!

И трудете се тоа „сите го прават тоа“ да го исфрлите од педагошкото образование во сопствениот дом. Можеби баш со таков пресврт ќе ги спречиме деструктивните однесувања и во реалниот и во виртуелниот свет!

Автор: Катарина Јонев, едукатор и автор на книгата „Безбедност на децата на интернет“

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top