Воспитување

Родители ги споделуваат нивните непишани правила за џепарлакот

Пет родители ги споделуваат своите непишани правила за управување со пари што ги учат децата на вистинската вредност на парите, времето и работната етика.

Многу семејства ги учат децата на вредноста на парите со примена на џепарлак. Оваа псевдошема за вработување може да им понуди на децата можност да го разберат концептот на работа за работите што ги сакаат, наместо да чекаат мама и тато да им дадат пари кога ќе посакаат. А џепарлакот, исто така, може да ги обучи децата да бидат одговорни со парите. Но, иако овие лекции за пари се од суштинско значење за финансиската писменост, родителите би можеле да бидат шокирани кога ќе видат всушност колку се различни практиките во однос на парите денес.

Не постои единствен пристап за тоа како децата ќе го заработат својот џепарлак. Наместо тоа, џепарлакот зависи од начинот на размислување за пари што родителите се надеваат дека ќе го поттикнат кај децата.

Учење за џепарлак и буџет – Џулина Огилви е партнерка во финансиско советодавно претпријатие со седиште во Конектикат и мајка на две девојчиња на возраст од 10 и 12 години.

– Одлучивме да им даваме неделен износ врз основа на нивната возраст. Моментално тие добиваат 10 и 12 долари неделно. Ова под претпоставка дека помагаат во неделните задолженија, како што се хранење на кучињата, ставање на садовите во машината и перење алишта – вели Огилви.

Нема пари за домашните обврски, само можности за заработка – Пол Клјебрук е татко на шест деца на возраст од 4 до 20 години. Тој и неговата сопруга веќе 20 години на ист начин ги учат децата за парите.

– Не им даваме џепарлак. Секако, им даваме можност да заработат пари – вели Клејбрук.

Суштинските одговорности како фрлање ѓубре, косење трева и местење кревети не се плаќаат.

– Откако ќе си ги завршат нивните задолженија во домот, тогаш може да добијат работа за пари како наводнување растенија, средување на гаражата или миење на автомобилот. Откако ќе ја завршат работата, проверуваме дали ги исполниле очекувањата што ги имаме за таа возраст на детето. Доколку не ги исполниле, ги охрабруваме да се поправат и им кажуваме како треба. Ако не завршат како што треба, нема плата – вели Клејбрук. Тој верува дека овој пристап бил успешен во учењето на неговите три најстари деца да бидат самостојни и независни.

Да се има на ум вредноста на времето – Никол Еверт е обучена едукаторка, мајка на четири деца и основач на блог кој нуди практични решенија за реалните родителски проблеми. И Еверт, како и Клејбрукс, не сака децата да научат дека можат да заработат пари со малку вложен труд.

– Иако џепарлакот може да биде неверојатен начин да му помогнете на вашето дете да научи да управува со парите, внимаваме како нашето дете си ги заработува парите. Ако му дадете 1 долар на вашето дете за работа од две минути, на пример, бришење на масата по вечерата, тоа е саатница од 30 долари. Се трудиме нашите деца да ја научат вредноста на напорната работа – вели таа.

Дигитална валута наместо готовина – Џесика Кларк е мајка на 9-годишно момче.

– Мојот син ретко сака да купи нешто со кое може да си игра. Тој е гејмер. Затоа одлучивме да купиме премиум претплата на „Роблокс“ секој месец наместо традиционален додаток. Барањата за да продолжи да го добива овој додаток се едноставни. Треба добро да се однесува и да ги завршува училишни обврски.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top