Дали мислите дека му припаѓате на одреден тип родител? Погледнете ги различните термини и нивните карактеристики.
Најновиот родителски термин е „тревник родителство“. Иако не е нов термин, неодамна стана популарен благодарение на фејсбук-пост од професор кој го опиша овој вид на родители и го изедначи со хеликоптер-родители.
Дали сте ваков тип родител? Или некој друг? Погледнете какви типови родители постојат и откријте во која категорија спаѓате.

Родител „тревник“

Го добил ова име бидејќи им го „коси“ патот на своите деца, односно им ги отстранува сите пречки што би можеле да предизвикаат непријатност, предизвик или борба. Овој родител не само што му помага на своето дете, туку и ја работи неговата работа или проверува да види дали сѐ му е точно.

Родител „тигар“

Овој родител е познат по тоа што ги става на прво место извонредноста и внимателно избраните курсеви над слободното време. Родителот се авторитарен и има големи очекувања. Очекува од своите деца да одговорат на предизвиците.

Родител „слон“

Овој родител е спротивен на родителот „тигар“. Тој ги цени емоционалната безбедност и врската и спие со своите деца од 0 до 5 години. Овој родител не го подигнува гласот и го цени трудот над училишниот или спортскиот успех.

Родител „хеликоптер“
Тој е постојано над децата и тоа може да продолжи и кога тие ќе заминат на факултет. Овој родител е премногу вклучен и секогаш го проценува ризикот, со што спречува децата да ја развијат оваа вештина.

Родител „делфин“

Овој родител бара соработка, флексибилност и рамнотежа. Ова родителство е дефинирано со акронимот POD – P-play и exploration, O-others и D-down time, што вклучува одмор, вежбање и сон.

Родител „приврзок“

Овој родител сака близок контакт со бебето, и тоа го остварува преку носење, доење и заедничко спиење. Ја користи природната близина наместо часовникот за утврдување на потребите на бебето. Тој, исто така, ја нагласува позитивната дисциплина со користење пофалби и награди за добро однесување и губење на привилегиите за лошо однесување.

„Слободен“ родител

Овој родител им дозволува на своите деца сами да одат на училиште или на игралиштето во близина. Малите деца имаат дозвола да се возат со јавен превоз и да пазарат сами. Овој родител верува дека оваа слобода промовира независност и самодоверба. Овој модел другите родители го сметаат за опасно и невнимателно родителство.



912

X