Министерството за здравство информира дека се распределени тестови за брза дијагностика на присуство на коронавирусот и почнуваат да се користат во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Овие тестови, иако се ПЦР-метода, не се истите што се користат во лабораториите за рутинско тестирање за Ковид-19. Наменети се за брза детекција на вирусот кај пациенти што се суспектни на вирусот, а на кои им е потребна одредена интервенција.

Тестовите за брза дијагностика овозможуваат веднаш по тријажата и добивањето на резултатот, за само 40-ина минути да се пристапи кон соодветната интервенција кај пациентот.

Брзите тестови веќе се употребуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, со што значително се олеснува работата на медицинскиот кадар.

Со брз ПЦР-тест на ГАК ќе се тестираат родилките и на овој начин веднаш ќе се знае дали родилката треба да биде пренесена на одделението за изолација. Клиниката за гинекологија и акушерство веќе ја поседува и потребната опрема за обработка на материјалите, која се користи и за детекција на ХПВ-вирусот.



912

X