Мохамед Абуд Рдан не знае за ништо друго освен за конфликт во неговиот краток живот. Роден е во рурално Алепо во 2011 година, кога започнале мировните протести против владата на претседателот Башар ал-Асад, а неговото детство е сè – само не вообичаено. Протестите набрзо се претворија во повеќестран конфликт кој ги собра светските сили на едно место, а загинаа илјадници луѓе. Многумина мигрираа. Абу Рдан сега живее во камп за бегалци во северно Алепо и е главниот снабдувач за своето семејство откако неговиот татко добил срцева болест и не може да работи.
Како и за многу деца од Сирија, училиштето му е далечен сон. „Имавме куќа и јас одев на училиште секој ден… но потоа дојдовме тука… ни ги уништија и куќата и училиштето“, вели Абу Рдан.
Од УНИЦЕФ соопштиле податоци дека 90 отсто од децата во земјата имаат потреба од хуманитарна асистенција, а има зголемување од таа потреба за 20 отсто во споредба со минатата година.
10 години во конфликт – речиси 2,45 милиона деца во Сирија и дополнителни 750 илјади сириски деца во соседните земји не посетуваат училиште, покажуваат податоците на УНИЦЕФ.
Абу Рдан се буди секое утро взори и чека на автопатот на студено време за превоз од 10 километри до фабриката за производи за чистење каде што работи. Работните денови обично му траат по 10 часа, а заработува 100 турски лири (13 долари) месечно. Тоа е целиот приход што го добива неговото семејство. Абу Рдан го плаќаат во турска валута бидејќи живее и работи во регион контролиран од турски бунтовници, а неговиот роден град Маршурен сега е под власт на владата.

Од УНИЦЕФ информираат дека има над 75 проценти случаи на прекршувања на правата на децата во Сирија само во 2020 година – тука спаѓаат убивање, регрутација во борба, сексуално насилство и напади на училишта.
Абу Рдан пакува производи како дел од неговата работа, па многу е исцрпен кога ќе дојде дома – сè што прави по работата е да јаде и да спие. „Кога се враќам дома од работа, многу сум изморен, само ја потпирам главата и се исклучувам“, вели тој. Го споделува шаторот со своите родители и 3 сестри, кој не е доволен за целосно да ги заштити од острата сириска зима со многу дождови и снегови. За да се згреат, тој веќе е станат експерт за правење чај.

Бидејќи е одговорен за работи и обврски кои не се соодветни за неговата возраст, 10-годишното момче се справува со секојдневните предизвици еднакво на експертизата на многу постари мажи. Но, тој сè уште е дете, па смеењето и играњето со неговите сестри во шаторот не го прескокнува.
Автор: Махмуд Хасано