Здравствена работничка во Флорида роди бебе со антитела на коронавирусот – првиот познат случај откако лицето било вакцинирано.

Ова може да има значителни импликации во напорите за борба против пандемијата. Жената била вакцинирана со вакцината на „Модерна“ додека била во 36. недела од бременоста.

Се породила по три недели од примањето на вакцината и на свет донела здраво девојче. На бебето му бил земен примерок од крв и бил направен ДНК-тест.

– Ја тестиравме папочната врвца на бебето, нешто што го правиме и во случај на други вакцини примени за време на бременоста. Според нашите сознанија, ова е првото пријавено родено бебе со антитела по вакцинирањето – вели педијатарот Пол Гилберт.

Д-р Гилберт и друг лекар од Флорида, д-р Чад Рудник, ги напишале нивните наоди во онлајн-списанието „медРекив“, извештај што допрва треба да се рецензира.

– Ова е еден мал случај, но ќе бидат илјадници и илјадници бебиња родени од мајки кои ќе се вакцинираат во текот на наредните неколку месеци – вели д-р Рудник.

Извор



912

X