Знаете за што зборувам. Забавите со 20 и нешто малечки деца кои трчаат наоколу, дополнително и родители кои се смеат и даваат сè од себе да поведат некаков разговор. Понекогаш има чудна тишина. Вообичаено, роденденските забави се одвиваат во забавни паркови, игротеки, центри за куглање и слично. Тоа има смисла, бидејќи кој може да организира забава за 20 и нешто луѓе освен ако нема огромен двор и голема куќа?

Понекогаш едноставните работи се најдобри

Ако сте вие домаќинот, сигурно планирате и сте под стрес неколку недели претходно. Наоѓате место кое веќе не е зафатено, нарачувате храна, торта и сè друго што е потребно. Им испраќате на сите покани. Ако сте расположени, подготвувате и кеси со подароци за сите. Потоа следува забавувањето. Најмувате некој што ќе ги смее децата и ќе ги забавува. Можеби диџеј ако децата се малку поголеми. Мој добар пријател беше на роденденска забава кај едногодишно дете каде што родители најмиле кловн за малечките.

Ох, а подароците. Толку многу подароци. Толку многу пластични играчки и автомобилчиња на далечинско. За мене, сето тоа беше премногу. Ако има една работа во која уживам за време на пандемијава, тоа е едноставноста на нештата. Многу, многу мали собири со твоите најблиски и твоето дете. Вистински, природни разговори. Нема кревање врева. Исто така, кој може подобро да го забавува детето ако не неговите родители, браќа, сестри или најблизок пријател? Понекогаш едноставните работи се најдобри.

Се залагам за мали забави каде што всушност ги познавам сите што го прославуваат специјалниот ден на моето дете

Не знам дали моите деца ќе се согласат со мене (веројатно не), но некако се надевам дека роденденските забави нема да се вратат на поранешниот начин на прославување, пред пандемијата. Ако, сепак, се случи тоа, веројатно нема да биде така долго време. Може ли да замислите ситуација во забавен пар преполн со деца кои скокаат наоколу? Не можам ни да замислам колку бактерии ќе има. Изгледа нереално да се помисли на фактот дека тоа било правило минатата година, а ние воопшто не сме размислувале за тоа. Барем јас не мислев.

Јас сепак, се залагам за мали забави каде што всушност ги познавам сите што го прославуваат специјалниот ден на моето дете. Понекогаш помалку е повеќе.

Автор: Сара Мелиса Фрост

Извор



912

X