Се сеќавате на оние австралиски родители кои на своето 3-годишно дете му приредија роденденска забава од 39.000 долари? Сепак, тие не се најлудите организатори на роденденски забави во историјата на забавите.
Нивната роденденска торта не може да се спореди со роденденската/свршеничка торта што едно семејството ја нарачало за нивната ќерка.
Всушност, тие ѝ наложиле на британската дизајнерка Деби Вингам да ја создаде и дизајнира тортата која сега се смета за најскапа торта направена некогаш. Ако толку пари потрошиле за торта, замислете колку ќе чини свадбата.
Пред да дојдеме до деталите, сигурно се прашувате колку точно чини оваа торта?
75.000.000 долари.
Не, тие дополнителни нули не се печатни грешки. Ова семејство всушност потрошило 75 милиони долари на роденденска торта – и еве зошто.
Наводно, за тортата биле потребни 1.100 часа за да се направи, долга е речиси 6 метри и е дизајнирана така што ќе изгледа како модна писта. Но, она што ја прави тортата „смешно“ скапа не е нејзината големина или услугата на дизајнерот.
Не, тоа е смешната количина на скапоцени камења на тортата. Скапоцени камења кои не можете ни да ги јадете.
Тоа се следните скапоцени камења:
-Розов дијамант од 5,2 карати
-Жолт дијамант од 6,4 карати
-Петнаесет бели дијаманти од 5 карати
-Четири илјади мали дијаманти, аметисти и смарагди.
Дополнително, модната писта била направена од четиристотини 1-каратни, седумдесет и три бели дијаманти од 3 карати и седумдесет и пет црни дијаманти од 3 карати.
Погледнете ја тортата подолу.
Автор: Кејтлин Пења