Игротека

Роденденска сказна, песничка, промоција на пишуванка… викендов на саем

Богата програма ве очекува на штандот на „Светот на Биби“ викендов.

Денеска во 17 часот ќе можете да ги запознаете Билјана Црвенковска и режисерот на проектот – Гоце Цветановски. Половина час подоцна ќе ја промовираме роденденската песничка на Биби, а во 18 часот децата ќе ја имаат ексклузивната можност да ја видат претпремиерата на сказната „Најнеобичен ден – на Биби роденден“.

Во 18:30 часот ќе ги доделиме и наградите од конкурсот за цртежи „Роденден на Биби“.

 

На тема правилно пишување утре во 17 часот ќе разговараме со наставничките Матилда Бајкова и Драгана Горковска-Гавриловска од ОУ „Аврам Писевски“ од с. Бардовци, Скопско, а ќе учествува и Црвенковска.

Во 17:30 часот ќе следува промоција на „Пишуванката“ и „Тетратката за почетно пишување“ од „Светот на Биби“.
„Светот на Биби е шарен цел“ е насловот на песничката чиј автор е Ангел Ќосев, а ја изведува Слаѓана Вујошевиќ и ќе биде промовирана од 18 часот.

Во 18:30 часот Биби и Боби ќе се јават во живо, а веднаш потоа следува и премиерата на сказната „Најнеобичен ден – на Биби роденден!“

 

Поврзани написи

To top