Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд Вилијамс покажаа дека навистина не постои ништо посилно од силата на танцувањето, бидејќи според нивните зборови, тоа е единственото нешто што ја смирува нивната ќерка Коко.
Ајда на својот инстаграм-профил сподели урнебесно видео во кое таа и Роби танцуваат во нивниот дом, а на крајот од видеото и се бакнуваат.
– Еве како го запираме плачот на нашата ќерка – напиша Ајда под објавата.