Кога и да се појави на екранот, Роберт де Ниро воодушевува со своите актерски способности.

Во реалниот живот тој е татко на шест деца и е полн со корисни совети за родителство.

Рафаел де Ниро е неговото прво дете, кое го доби во бракот со Дијана Абот. По разводот со Абот, тој беше во врска со Туки Смит, со која ги добија близнаците Џулијан и Арон де Ниро преку ин витро оплодување. Во 1997 година Де Ниро се ожени со Грејс Хајтауер и следната година го доби синот Елиот де Ниро. Неколку години подоцна, со помош на сурогат мајка, парот го доби и девојчето Хелен де Ниро. Актерот е и очув на Дрени, ќерката на неговата прва сопруга Дијана Абот.

Ова се некои негови совети кои би можеле да ви помогнат да ги воспитувате вашите деца.

Добрите времиња ви помагаат да го заборавите лошото

– Ги сакам моите деца, цело време сум со нив. Но, не е лесно. Сепак, добрите времиња секогаш ги засенуваат лошите – изјави Де Ниро за американските медиуми во 2019 година.

За кариерата

Роберт де Ниро смета дека е важно децата сами да си го најдат патот.

– Секогаш им велам да прават што сакаат, сѐ додека се среќни – објасни тој.

За високите амбиции

Холивудската легенда ги охрабрува своите деца да не се плашат да сонуваат.

– Ги советувам да се потрудат и да посегнат по она што навистина сакаат да го направат. Никогаш не треба да се плашат – вели тој.

Извор



912

X