Многу жени денес ја одложуваат бременоста затоа што се фокусирани на кариерата, патувањата и обезбедувањето финансиска стабилност. Според неодамнешните статистички податоци, секоја петта жена ја одложува бременоста до 35-годишна возраст, додека 50 отсто од жените стануваат мајки првпат на возраст од 40 и повеќе години.

Репродуктивниот капацитет на жената има ограничен животен век. Во Велика Британија просечната возраст на жената која влегува во менопауза е 51 година. Бременоста на која било возраст носи одредени ризици, а д-р Керол Купер ги наведува истите.

Бременост во 30-тите

Биолошки, триесеттите се добро време за раѓање дете, особено раните. Истражувањата покажуваат дека плодноста на жените значително се намалува по 35-тата година од животот.

Бременост во 40-тите

Иако сѐ повеќе жени раѓаат во 40-тите години, ова носи свои предизвици. Прво, зачнувањето е помалку веројатно да се случи природно. Штом жената ќе забремени, постои поголем ризик од компликации, вклучувајќи спонтан абортус, висок крвен притисок и прееклампсија, дијабетес и плацента превиа. Исто така, поверојатно е дека жена во 40-тите ќе се породи со царски рез.

Бременост во 50-тите и 60-тите години

Многу малку жени над 50 години забременуваат по природен пат, во повеќето случаи тоа е преку ин витро оплодување. Ризикот од сите компликации наведени за жените во четириесеттите години значително се зголемува во 50-тите години.

Постарите жени потешко се справуваат со бременоста и имаат поголема веројатност да доживеат проблеми со срцето, мозочен удар или згрутчување на крвта во белите дробови. Според д-р Купер, по 50-тата година е потешко физички да се справите со бебето и воспитувањето.

Извор



912

X