Имате ли некои посебни ритуали со децата кои никогаш не ги прескокнувате? Може ли, на пример, тоа да биде некое заедничко време во денот кое како семејство го негувате или, пак, обичаите, ако имате повеќе деца, со секое поединечно да поминувате време насамо. А тоа може да биде нешто едноставно, а толку убаво, како ритуалот кој се негува во семејството на Тања Хрватин Шимичиќ, сертифицирана едукаторка за родители. Еве што споделила таа на својот инстаграм-профил.

– Зборував веќе за ритуалот кој го имаме половина година, а тоа е пред секој оброк да се фатиме за рацете и да кажуваме за што сме благодарни. Тоа сега го води Ева. Пред некој ден рече: „Ти благодарам за ручекот на мама, ти благодарам за ручекот на тато, за ручекот на Ева, за тестенините, за сонцето“, па направи пауза бидејќи виде дека надвор е облачно и рече – „ти благодарам за облаците, дождот и свежиот воздух. Ти благодарам за нашата Ниа и бабата која готви грав“.

Поттикнете вредности кои на децата ќе им овозможат среќен живот

Ваквите ритуали на поврзување и свесност се многу силна алатка за целото семејство, а особено за децата. Со таквите активности тие добиваат смисла, сигурност, важност, чувство на припаѓање и чувство на заедништво. А тие чувства се основа за однесувањето на децата. Па така, децата се однесуваат неприфатливо кога потребите не им се задоволени. Тие се во темелот на секое однесување. Затоа ве повикувам од денес да ја воведете оваа активност за благодарност во своите оброци, па макар само еднаш дневно. Тој поглед, таа присутност, таа суштина… тоа го имаме многу ретко денес, а повеќе сме физички заедно од кога било.

Освен ова или наместо ова, поврзувачка активност за присутност може да биде и заедничкото танцување наутро, благодарност пред спиење… Се надевам дека ја препознавате важноста на сето ова и дека сакате да создадете дом во кој ќе владее соработката со децата, наместо хаосот, па ќе поттикнете вредности кои на децата ќе им овозможат среќен живот. Се надевам дека сте за ритуалот за присутност.

Бидејќи поради пандемијата поминуваме повеќе време со семејството, но поради обврските и работата тоа не е нешто повеќе отколку физичка присутност, многу е важно да се негуваат вакви иако мали, но многу важни работи. Тоа се дефинитивно оние детали на кои децата, кога ќе пораснат, сигурно ќе се сеќаваат со радост.

Извор



912

X