Често кога добиваме дете, почнуваме да ги разбираме нашите родители, а славните личности не се исклучок.

Една од нив е познатата пејачка и актерка Ријана, која открила една „чудна“ работа што ја забележала кај себе откако го родила синот. 34-годишната пејачка разговарала за мајчинството во неодамнешното интервју за „E! News“ и признала дека дури откако станала родител, сфатила колку е слична на сопствената мајка.

„Чудно е, но откако станав мајка, гледам колку навистина сум слична на мајка ми. Дури и најмалите работи што порано ме нервираа толку многу во нејзиниот живот, сега ги правам. Имам буквално ист израз на лицето, ги кажувам истите работи, кашлам исто како неа. Дури и ја мрдам устата исто како неа“, рекла Ријана и додала дека нивните сличности првпат ги видела дури по породувањето.

„Не знам кога почнав да личам на неа, никогаш порано не ни помислував на тоа. Или едноставно не го забележав порано или не се случи додека не се породив“, признала таа и додала дека без оглед на тоа колку оваа појава ѝ е чудна, драго ѝ е што таа сѐ повеќе личи на нејзината мајка.

Извор



912

X