Постојано сме во потрага по што подобри методи за воспитување на малите деца, а колку тие методи ќе ни бидат корисни, зависи од детето и од упорноста на родителите да не се откажат кога ќе наидат на првите препреки. РИЕ-методот („Resources for infant educarers“ – „Ресурси за воспитувачи на новороденчиња“), е вистинска револуција, па многу познати родители почнале да го применуваат. Интересно е тоа што суштината на методот е навистина едноставна, а тоа е да се почитува детето. Според оваа метода, не е доволно само тоа да го правите, туку кон бебето треба да се однесувате како кон единствено човечко суштество уште од самото раѓање. Бидејќи целта е да се воспитува автентично дете, што секое и е, дете кое ќе се чувствува сигурно, кое ќе има самодоверба, ќе биде самостојно и ќе умее да се поврзува со луѓето.

Експертите што го патентирале тврдат дека начинот на кој комуницирате со детето влијае врз развојот на неговата целокупна личност и формирање агол преку кој ќе го набљудува светот. Родителите мора да веруваат дека дури и бебето може да биде иницијатор и самото да ги истражува своите способности.

РИЕ-методот се заснова на набљудување, односно ги поттикнува родителите многу внимателно да го анализираат своето дете за да го разберат начинот на кој комуницира. Така успеваат да ги разберат неговите потреби. А колку повеќе го разбираме детето, повеќе ја цениме и неговата способност за брзо учење, која е особено изразена во текот на првите три години од животот. Кога ќе го видиме сето она што може да го направи самостојно, помалку ќе го подучуваме.

Експертите тврдат дека дури и новороденчето може да биде активно во процесот на хранење и менување пелени, само ако родителите се потрудат. Бидејќи тие ги создаваат шансите за интеракција и соработка, па нивната улога е да му обезбедат опкружување во кое може непречено да ги врши сите оние активности што му се природни. Колку повеќе е предвидливо и познато опкружувањето, толку и на бебињата им е полесно да учат.

Еден од принципите е со детето да се разговара како со возрасен човек. Да му се дозволи да си игра со лажички и виљушки наместо со скапи играчки. Суштината е да му се обезбеди многу време за непречена, самостојна игра и да му се покаже воодушевување за сето она што ќе го направи.



912

X