Ричард Гир и Алехандра се венчаа во април годинава, а сега, по четири месеци, очекуваат бебе.

На Ричард ова му е трет брак, а врската со Алехандра ја почна пред 4 години, кога и двајцата поминуваа низ развод. Претходно беше оженет со Синди Крафорд и со глумицата Кери Ловел.
На Ричард, кој за три недели ќе наполни 69 години, ова ќе му биде второ дете, веќе го има синот Хомер Џејмс, а и Алехандра исто така има син – петгодишниот Алберт.

 

Врската со убавата публицистка Ричард ја започнал уште додека бил во брак со Кери Ловел, но тоа не го спречило да ја освои 33 години помладата Алехандра Силва, ќерка на поранешниот финансиски потпретседател на Реал Мадрид.

Разликата во годините не им претставувала проблем, па по четиригодишна врска одлучиле да си разменат завети на интимна церемонија што се одржала во Њујорк. Иако не сакаат да зборуваат за својот приватен живот, по венчавката Гир изјавил дека е „најсреќниот човек во вселената“.



912

X