Иако летото нуди изобилство од овошје и зеленчук, според многубројните искуства, не е идеално време за почетокот на дополнителната исхрана за децата. Пречка може да биде топлината, зголемената жед, како и промената на околината и рутината заради заминување на годишен одмор. Сето тоа може да му биде премногу на бебето, па не треба да се грижите ако не оди сѐ како што сте планирале.

Почнете со намирница типична за поднебјето

Ако на бебето му е време за воведување дополнителна храна според возраста, важно е да понудите храна која му е потребна. Правилата за дополнителна храна низ годините се менуваа, па некогаш „морало“ да се почне со овошје, потоа со житарици, па зеленчук.

Новото правило е дека нема правила. Треба да се почне со намирници типични за поднебјето во кое живеете и кои детето подоцна ќе ги консумира. Летните намирници се идеални за подготовка на разновидни и вкусни кашички, па затоа е добро за појадок на детето постаро од шест месеци да му се понуди млечно-житна кашичка богата со сезонско овошје (на пример, житарици со сливи). За ручек, идеална комбинација е рибата со сезонски зеленчук, со додавање маслиново масло или комбинација од мешунки и житарици, За вечера може да се комбинира бело месо, пилешко и зеленчук.

„Најдобра ужина е свежото сочно овошје, како цреши, диња, праска или нектарина, кајсии или лубеница, во зависност од возраста на бебето. Со воведувањето дополнителна исхрана во летните месеци ќе забележите дека детето инстинктивно подобро го прифаќа она што често се нарекува полесна храна, односно намирниците богати со вода и минералите, кои во текот на топлите денови засилено се губат преку потењето“, вели нутриционистот Кармен Матковиќ Мелки.

Освен доењето, на бебето може да му се даде вода и чај, кои мора да бидат на собна температура, никако студени за да не предизвикаат температурен шок и болки во стомакот.

Новите насоки не се ограничувања во однос на консумацијата на риба, па така белата риба (ослич) и пастрмката, може да се даваат веќе од седум месеци, а еден месец подоцна се воведува и мрсната риба. Сол и шеќер, советуваат лекарите и нутриционистите, не се потребни во текот на првата година од животот.

Сосема спротивно е со другите зачини. Може полека да се воведуваат од седум, осум месеци. Зачинските билки имаат лековити, антивоспалителни и антибиотски својства, па во храната на бебињата можете да додавате магдонос, темјан, оригано, рузмарин, цимет, босилок. Веќе од шест месеци бебињата може да јадат јаболка, банани, кајсии, цреши, праски, сливи и боровници.

Од зеленчук, први во редот се тиквичка, морков и компир. Мајчиното или адаптираното млеко во кое се додаваат овошје и зеленчук не смее да биде топло бидејќи така ги губи своите хранливи состојки. Сепак, ако не сте во можност да набавите непрскана храна, добро згответе ја.



912

X