Еве рецепт за вкусен и здрав ручек за вашето бебе.

Состојки:
1 тиквичка од средна големина
1 млад компир
1 морков
парче бело пилешко месо
1 лажица павлака
малку мирудија

Подготовка:

Излупете ја тиквичката, исечкајте ја на крукчиња, па кратко варете ја во посолена вода. Исцедете ја од водата и изгмечете ја. Во меѓувреме сварете ги морковот и компирот, а месото издинстајте го на малку масло и вода. Сите состојки ставете ги во блендер, измиксајте, па измешајте ги со згмечената тиквичка. Зачинете со малку мирудија и лажица павлака (или младо посно сирење).

 



912

X