Сопственикот на еден ресторан на германскиот туристички остров Риген, во Балтичкото Море, забрани влез за деца во вечерните часови.
Гостите под 14 години повеќе нема да можат да дојдат во ресторанот по 17 часот затоа што не знаат да се однесуваат, а родителите не се грижат за тоа, наведоа од ресторанот.
– Децата ги вознемируваат гостите од соседните маси, ги влечат чаршафите и ги превртуваат чашите со вино – вели сопственикот на ресторанот.
Претседателот на здружението на хотели и ресторани во германската покраина Западна Промеранија, каде што се наоѓа Риген, не е среќен поради таквата одлука, но нагласува дека секој угостител има право да го води својот бизнис како што сака.