Во Хрватска се шири синцицијалниот вирус кој може да биде фатален за доенчиња и мали деца. Тој е многу заразен, се пренесува преку капки. Во моментов доминантен е респираторниот вирус кој меѓу другото предизвикува болести, па детските болници се полни. Постои и закана од инвазивни стрептококи кои за една недела во Велика Британија предизвикаа смрт на шест деца. Во Институтот за јавно здравје во Хрватска, во изминатите 2 месеца се пријавени 54 лица заболени од грип, меѓу кои 17 деца.

– Во последните неколку недели бележиме благ пораст на бројот на заразени деца со респираторниот синцицијален вирус. Оваа недела имавме 111 новопотврдени случаи. Ова се податоци од болницата „Фран Михаљевиќ“, од Забок и од тестирање. Од 250 примероци, 111 се потврдени и десет случаи на инфлуенца А, а доминантен сој е Х1Н1. Сакам да кажам дека тоа е нормално затоа што зимските месеци очекуваме зголемен број на респираторни инфекции – вели епидемиологот Дијана Мајер за хрватските медиуми.

Инфекцијата со респираторен синцицијален вирус е болест која најчесто се шири меѓу малите деца кои одат во градинка. Особено брзо се шири во затворени простории и лесно се пренесува.

Во Хрватска се потврдени случаи на стрептокока од серолошката група А, но Мајер истакнува дека тоа не е ништо загрижувачко.

– Станува збор за болест која се шири во колективот. Најчеста клиничка слика кај стрептококите е стрептококната ангина. Кога родителите ќе забележат дека детето има болно грло или висока температура, детето мора да биде однесено на педијатар. Забележавме дека родителите не ја почитуваат препораката дека антибиотикот мора да се зема целосно, десет дена и да не се прекинува по 3-4 дена кога детето ќе оздрави, да не го носат детето во градинка, туку да го остават дома целосно да закрепне – препорачува епидемиологот.

Педијатарот Сања Пејиќ Рошко од Клиниката за детски болести во Загреб изјави дека дневно има од 90 до 110 прегледи. Таа потврди дека најчести се респираторните инфекции, а доминираат вирусните инфекции, најмногу респираторниот синцицијален вирус.

– Колку е помала возраста, толку се посериозни симптомите. Обично започнува со оние вообичаени респираторни симптоми, а потоа продолжува интензивното кашлање. Малите деца всушност ги заморуваат респираторните мускули, почнуваат да одбиваат да јадат и затоа завршуваат на доктор. Тоа може да предизвика акутна респираторна инсуфициенција, односно неможност за дишење, што всушност бара лекување во одделенијата за интензивна нега – вели Пејиќ Рошко.

На респиратор во Клиниката за инфективни болести се две деца. Зоран Барушиќ, заменик-директор на Клиниката, вели дека и понатаму има деца со ковиди, но има и други респираторни инфекции меѓу кои и грипот.

Чести се стрептококните инфекции, главно фарингитис, шарлах и инфекции на кожата.

Во изминатите два месеца во Институтот за јавно здравје се пријавени 54 случаи на грип, меѓу кои 17 деца.

Извор



912

X