Основањето семејство е сон на многу парови, но не секој успева да го оствари. Тајла Тудехоуп-Глачан и нејзиниот сопруг Шон не мислеле дека некогаш ќе станат родители. Имено, оваа 28-годишна девојка има ендометриоза и синдром на полицистични јајчници, поради што лекарите ѝ рекле дека нема да може да забремени.

По една година неуспешни обиди, Тајла и нејзиниот сопруг се насочиле кон процесот на вештачко оплодување и успеале. Но, тие не добиле само едно дете, туку четири.

„Бевме шокирани кога дознавме дека носам четворка“, изјавила гордата мајка.

Чудесната бременост не поминала без проблеми. Тајла била хоспитализирана во 24. недела бидејќи лекарите откриле оти грлото на матката ѝ се скратило. Таа била во болница до 7 декември 2023 година, кога родила едно девојче и три момчиња.

„Доволно ни се четири деца“, низ смеа заклучила мајката.

Извор



912

X