Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на заразени со коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус денеска до 12 часот изнесува 201 лица.

Според местото на живеење, досега дијагностицирани со Ковид-19 има во:
– Скопје (123)
– Дебар (43) од кои 2 починати
– Куманово (15) од кои 1 починат
– Штип (8)
– Велес (3)
– Охрид (3)
– Кавадарци (2)
– Прилеп (2)
– Гостивар (1)
– Тетово (1)

– Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти, кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати – информираат од Министерството.



912

X