Дали некогаш сте се запрашале зошто вашето дете прави одредени работи по инстинкт? Еве неколку рефлекси што вашето малечко веќе ги има развиено.

Момент снимен на многу камери: ја допирате дланката на вашето новороденче и тоа ви го фаќа прстот со изненадувачка сила како да нема намера да ве пушти. Но, ова всушност е само рефлекс. Она што е фасцинантно е дека вашето бебе се раѓа со дури 75 рефлекси. Некои бебешки рефлекси нагло исчезнуваат обично помеѓу третиот и шестиот месец, додека други постепено се заменуваат со понамерно однесување.

Holding Hands

Овој кластер на рефлекси е за опстанок. Погалете го бебето на образот и тоа инстинктивно ќе се сврти кон вашата рака со отворена уста. Овој рефлекс му помага да ја најде градата. Исто така, доенчињата цицаат секогаш кога се стимулира нивното меко непце или устата.

Рефлексот на повраќање спречува задушување: Ако нешто го допре задниот дел од грлото, вилицата паѓа и јазикот оди напред за да го истурка.

Моро-рефлекс

Дали некогаш сте виделе како бебе-мајмун силно се држи за својата мајка? Лесно е да се види остаток од тоа однесување во моро-рефлексот. Ако вашето бебе е нагло легнато на грб, а тоа чувствува дека главата не му е поткрепена или е изненадено од некој силен звук, тоа ќе ги фрли рацете и нозете нанапред како да се држи за спас за животот. Овој рефлекс на бебињата има одредена улога: ви кажува дека би сакало да биде поместено понежно.

Рефлекс на одење

Ако го држите бебето исправено, а нозете му допираат на цврста површина, тоа ќе ги крене нозете и ќе имитира одење – вели Алисон Шоу, педијатарски консултант во Детската болница во Отава, Источно Онтарио. Шоу вели дека не постои познато биолошко објаснување за овој рефлекс.

Рефлекс на Галант

Шоу опишува помалку познат рефлекс.

Држете го бебето на стомак, лежејќи на вашата подлактница и раката. Ако нежно го погалите од едната страна по неговиот ‘рбет, тоа ќе го спушти своето тело кон таа страна. Бебешките рефлекси се проверуваат веднаш по раѓањето и при следните посети на доктор за да се исклучат невролошки проблеми.

Автор: Холи Банет

Извор



912

X