Јогуртот одамна станал неизоставен производ во секојдневната исхрана, не само благодарение на својот вкус, туку и поради многубројните придобивки за органите за варење и за воспоставување на рамнотежата во организмот.

Благодарение на своето полезно дејство, докторите често препорачуваат секојдневна консумација на пробиотски јогурт заради регулирање на цревната микрофлора и надуеноста, ставајќи го пред многубројни лекови, што е потврдено и од медицински истражувања. Едно такво истражување е спроведено од страна на КБЦ Бежаниска Коса, каде што е потврдено дека консумацијата на пробиотскиот јогурт Balans+ го регулира варењето по само 10 дена континуирана употреба.

Еве неколку факти за пробиотскиот јогурт и користа од него:
• Содржи калциум, витамин Б6 и Б12, магнезиум, калиум и фосфор;
• Не се сите јогурти исти, во одржување на функцијата на дигестивните органи се истакнуваат оние што содржат здрави бактерии во вид на пробиотици;
• Позитивно влијаат врз здравјето на коските и претставуваат одлични сојузници во превенцијата на остеопорозата;
• Хранливите вредности на јогуртот растат со поголемата количина на здрави бактерии;
• Пробиотиците во јогуртот влијаат врз намалувањето на холестеролот, регулирањето на варењето и запирањето на дијарејата;
• Во само 250 г јогурт содржани се околу 8 г протеини што дополнително создаваат чувство на ситост;
• Консумацијата на пробиотски јогурт ја зголемува апсорпцијата на витамини и минерали;
• Пробиотиците што го зголемуваат нивото на добри бактерии во организмот влијаат и врз намалувањето на анксиозноста и стресот.

(Комерцијална објава)








912

X