Пред точно една година ви ја подаривме првата видеосодржина од „Светот на Биби“. „Азбуката на Биби“ беше првата содржина на јутјуб-каналот на Биби, која сѐ уште е најгледана. За една година снимивме многу видеа, раскажавме многу приказни, но создадовме и производи што се омилени во вашиот дом.

Многу дечиња ја научија низ игра и песна македонската азбука благодарение на „Азбуката на Биби“. Секое дете си има по една или повеќе омилени букви. По „Азбуката на Биби“ создадовме десет сказни во кои Биби, Боби и миленичето Зази ги учат децата да бидат добри, да ги почитуваат другите, да помагаат, да не се караат.

За една година допревме до повеќе од 17.300 следбеници. Тимот на „Светот на Биби“ ви ветува дека ќе следуваат уште многу изненадувања и часови поминати во забава и учење.



912

X