Ова се реченици што треба да му ги повторувате на вашето бебе секој ден. Со нив тоа побрзо ќе ги научи работите, ќе биде емотивно поинтелигентно, но и ќе ја почувствува вашата силна љубов.

Бебето ве слуша уште додека е во стомакот, го препознава вашиот глас, сака да му зборувате и потпевнувате, па затоа е важно да почнете да разговарате со него уште пред да пристигне на овој свет. Постојат некои работи што треба да му се кажуваат секој ден, без разлика дали е во утробата или во вашите раце.

Ти си моето најмило

Оваа фраза одговара за деца од сите возрасти: секогаш е важно да му покажете на вашето дете колку го сакате. Иако сè уште нема да го разбере значењето на вашите зборови, сепак ќе ја почувствува нежноста што ја внесувате во оваа фраза. Ова не само што ќе ја зајакне врската меѓу вас, туку и ќе му помогне на вашето бебе да развие емоционална интелигенција.

Знам дека боли, но наскоро ќе помине

Секоја мајка го знае ова чувство кога одеднаш во соседната соба ќе се слушне тап удар, проследен со силен детски плач. Секако, ниту едно дете не пораснало без модринки и најчесто нема за што да се грижите. Сепак, важно е да се разбере фактот дека бебето чувствува болка кога паѓа. Со прифаќање на чувствата на вашето дете, не само што ќе го научите да сочувствува, туку и ќе ја зајакнете неговата волја и истрајност.

Сакаш да ја пробаш оваа кашичка?

Јасно е дека децата едноставно ја отвораат устата кога родителот ги храни, но многу поинтересно и покорисно е да им се даде право на избор. Благодарение на оваа фраза, детето учи да донесува информирани одлуки. Не е важно дали е храна или нова играчка, во моментот на избор се стимулира мозокот, што е многу корисно за интелектуалниот развој. Но, запомнете дека изборот треба да биде многу едноставен: не нудете му на вашето бебе многу опции одеднаш додека не порасне.

Браво!

На секое дете му е потребна пофалба за она што го направило, без оглед дали тоа е ставање на играчката во фиоката или облекување. Покажете дека го цените неговиот напор и дека сте горди.

Кој е овој?

Детето е опкружено со многу луѓе и предмети кои мора да научи да ги препознава. Корисно е да го прашате кој е, дури и ако не може да ви одговори – така се развиваат меморијата и интелигенцијата. Ова ќе вроди со плод подоцна, кога вашето дете ќе почне да го совладува говорот.

Ајде да одиме на прошетка

Во современиот свет на уреди и паметни телефони важно е на детето да му ја покажете сета убавина на реалниот свет околу него што е можно порано. Во природата, во паркот, во шумата секогаш има што да се прави, а зборот „прошетка“ наскоро кај децата ќе предизвикува само позитивни емоции. Ова не само што ќе ја поддржи нивната природна желба за движење, туку и ќе создаде здрави навики кои ќе траат цел живот.

Те сакам

Овие два магични збора треба ги кажувате додека бебето е во утробата и треба да продолжите да ги повторите во текот на животот. Важно е да го кажете ова не само во добри, туку и во непријатни ситуации – дури и кога сте му многу лути на вашето дете, за да чувствува дека е секогаш сакано, без разлика што прави.

Извор



912

X