Светот сѐ уште е преполн со предрасуди и стереотипи. Во нашата средина постојано се изговараат, а и ние како родители ги кажуваме, и тоа честопати сосема несвесно. Што не смеете да им кажете на своите ќерки?
Следниве реченици остануваат во свеста и по многу години одѕвонуваат во главата на возрасната жена. Негативно влијаат врз целокупниот развој на девојчињата, па можат да ги спречат да ги откријат своите таленти, да ги развијат или да стекнат искуство и да станат задоволни и сигурни во себе.
Премала си за тоа
Независно за што сонува вашата ќерка, поддржете ја во мечтаењето. Немојте да ѝ кажувате дека е уште малечка за тоазашто така може да ѝ ја разнишате самодовербата и може да ѝ ја уништите можноста да ги препознае своите идни потенцијали. Иако ви се чини дека нејзините желби се смешни и невозможни, кажетеѝ дека може да постигне речиси сѐ, ако доволно се потруди и ако цврсто верува во својот успех.
Намали ги очекувањата
Истото важи и за оваа реченица. Немојте да ѝкажувате да не очекува многу од своите желби и цели зашто тоа ќеѝја намали мотивацијата, како и самодовербата. Затоа, охрабрете ја и поддржете ја во нејзините таленти. Само така ќе израсне во силна жена.
Тоа е професија за машки
Заборавете на поделбата на машки и женски професии. Девојчињата можат да бидат полицајци, научници, доктори, механичари… Можат да станат сѐ што сакаат и што ги исполнува. Ако вашата ќерка рече дека сака да биде полицајка, тоа значи дека сака да им помага на луѓето, што е прекрасен знак за сила и позитивно размислување. Независно од тоа колку често се менуваат нејзините „професионални“ планови, поддржете ја, зашто единствено ќе биде среќна аконапредува без вашите огради, па макар и само во мислите.
Дај јас ќе го направам тоа
Секоја мајка потајно сака нејзините деца засекогаш да останат деца. Не е чудно ако сте внимателни во некоја непозната ситуација и ако го решите проблемот наместо вашето дете. Но, подобро е потајно, со едното око да набљудувате како детето пробува некоја нова работа. Ако треба, покажете му како да го реши проблемот во новата ситуација. Секој самостоен чекор во иднина ќе му ја зголеми самодовербата.
Тоа не го прават дамите
Обидете се да не ја изговарате оваа реченица. Тука не станува збор за правила на пристојност, туку, на пр., за облекување или за музика. Ако вашата ќерка сака панк или носи широка спортска облека, дозволете ѝ. Можеби не сака да изгледа „спастрено“ како што очекува друштвото. Дозволете ѝ доза на оригиналност.
Не заморувај се многу со тоа
Оваа реченица изгледа како поддршка, но всушност кажува дека не разбирате или не сакате да разберете што ви зборува детето. Очигледно има некој проблем и сака да го сподели со вас. Ако ѝ речете дека не се исплаќа да си ја полни главата со тоа и дека сето тоа е комплицирано, може да ја збуните. Подобро послушајте ја и кажете ѝ дека ја разбирате, дајте ѝ некој совет и обидете се заедно да најдете решение.
Не јади толку многу
Избегнувајте ја оваа реченица ако вашата ќерка е во пубертет. Секако, набљудувајте ја за да се осигурите дека не се работи за некој здравствен проблем. Вашата ќерка и онака е окупирана со своето тело, го набљудува, ги забележува промените што истовременоја радуваат и ја плашат и мора да научи како да живее со нив. Најдобар начин е да разговарате за здравата храна и тоа да ѝ го покажете преку личен пример.
Предобра си за него
Во младоста љубовта е нешто посебно. Можеби се заљубила во некое момче што вам воопшто не ви е интересно или уште полошо – антипатично ви е. Немојте да ѝги откривате вашите мисли, туку потрудете се подобро да го запознаете и покажете интерес. Децата во пубертет се многу чувствителни на нашитекоментари и реакции и многу брзо стануваат горделиви.