Развојот на независноста кај децата е клучен дел од нивното растење. Постепеното препуштање одговорност им овозможува на децата да ги развијат вештините потребни за секојдневниот живот. Со самостојно извршување едноставни задачи, како што е облекувањето, децата добиваат самодоверба и чувство на независност. Детскиот психолог и мајка на три деца, д-р Џезмин Мекој, на својот профил на „Инстаграм“ издвојува пет стратегии за воспитување независни деца.

-Охрабрувајте (наместо да издавате наредби) и следете ги нивните иницијативи колку што е можно повеќе.
-Дајте им позитивен и искрен повратен одговор кога се борат да бидат независни.
-Охрабрете го нивното критичко размислување и креативност.
-Верувајте им.
-Развијте ја нивната самосвест за тоа како се чувствуваат додека напредуваат кон независност.

Според психологот, одредени фрази можат да придонесат за развој на независноста. Ги истакнува следните пет:

-„Што е следно? Што треба да се направи сега?“
-„Ти го стори тоа! Сам! Колку добар помошник си ти! Браво!“
-„Имам некои идеи, но најпрво би сакала да ги слушнам твоите. Секогаш имаш одлични идеи за тоа како да ги решиш работите“.
-„Ти сте главен за твоето тело. Верувам дека ќе го слушаш твоето тело и ќе му го дадеш она што му треба. Сепак, извести ме ако ти треба помош“.
-„Ах, знам дека е фрустрирачки кога не успеваш. Горда сум на тебе што се обидуваш да го направиш тоа сам“.

-Независноста не може да се наметне. Тоа е вештина која доаѓа со време, со насоки и директен фидбек. Запомнете, секој мал чекор кон независноста вреди да се слави – заклучува психологот.

Извор



912

X