Повеќе од 80 отсто од трудниците велат дека пријателите (или непознати лица) им го допираат стомакот без дозвола. Ваквите случки се пречести и многу ги нервираат трудниците. Ова е листата со реченици што најмногу им пречат на бремените жени.

„Здраво!“ (додека ти го допира стомакот)

Сите сме виновни за допирањето на стомакот – но што да се прави кога е тешко да се одолее. Но, обидете се да се воздржите и прво прашајте дали смеете да го допрете стомакот. Стомакот е приватен и можеби трудницата не сака секој да ѝ го допира.

Што да се направи и каже: Додека раката се приближува кон твојот стомак, допри го самата и на шега кажи: Малиот веќе е шеф и си го сака личниот простор.

„Раѓав 36 часа и испукав, не можеш ниту да замислиш како“

Замисли да слушнеш нечија ужасна приказна од породување во моментот кога ментално се подготвуваш за сопственото искуство за породување. Природно е да сакаш да ги споделиш своите искуства бидејќи мислиш дека ќе дадеш корисни совети. Но, тоа што си раѓала 36 часа не значи дека сакам да ги слушнам сите детали. Само ќе ги исплашите трудниците со своите приказни.

Што да се направи или каже: Можеби ќе добиеш неколку корисни совети од овие приказни, но ако разговорот стане премногу детален, кажи со шеговит глас: – Мораш да престанеш, мислам дека почна да ми се враќа утринската мачнина.

„Леле, колку си голема! Сигурно не носиш близнаци?“

Пред сè, никој не сака да биде потсетен на зголемената тежина. Без разлика дали навистина прашувате дали има близнаци или само на тој начин сакате да кажете дека ќе има големо здраво дете, сите коментари поврзани со дебелината задржете ги за себе.

Што да се направи или каже: Гордо тријте го стомакот и кажете: – Не, не се близнаци. Само го носам идниот бодибилдер.

„Ох, знам еден (име на бебе). Беше најголема бубалица во средно училиште“

Возбудливо е да се слушне кое име родителите планираат да му го дадат на своето бебе. И не можеме да си помогнеме, а името да не го поврземе со некој од нашето минато, без разлика дали е тоа средношколска бубалица или сурово поранешно момче. Но, најдобро е своето мислење да го задржиме за себе. „Именувањето на детето е една од најличните работи за родителите“, вело коосновачката на веб-страницата „Бамп“, Карли Руни. „Тешко е да се одлучите за име без да добиете приговор“.

Што да се направи или каже: Кога само би можела да кажеш на кого те потсетува таа личност, зарем не? Наместо тоа, размисли да понудиш брз одговор зошто си го избрала тоа име (всушност, на бебето ќе му дадеме име по неговиот дедо).

„Ајде, те молам, еден пијалак нема да ти наштети“

Никој не сака да биде под притисок, а сигурно сте изморени од објаснување дека сте бремени и не пиете.

Што да направите или кажете: Не двоумете се да возвратите – ова не е време за притисок од врсниците. Или поштедете се од главоболка и нарачајте вода со лимон – ќе изгледа исто како коктел.

Извор



912

X