Игротека

Реченици и фрази што ги нервираат мајките

Без оглед дали доаѓаат од пријатели или од непознати луѓе што им мислат добро, овие реченици ги вознемируваат мајките кога станува збор за родителството.

Мајките анкетирани од веб-страницата „Parents.com“ велат дека најнеомилени зборови им се „женичка“ и „маженце“, како и тоа кога некој ќе им каже „секое бебе е различно“. Секако, тука спаѓаат и сите оние совети од пријатели и непознати луѓе.

Следниот пат кога некој ќе ве изнервира со вакви реченици, знајте дека не сте сами.

„Мајка што работи“ – Никој никогаш не вели „татко што работи“ – Реби Л.

„Зрелост“ – Каде и да одам, гледам пораки дека „зрелоста“ е тешка. Зошто ја правиме зрелоста нешто негативно што нашите деца не сакаат да го достигнат токму затоа што е тешко? – Ејми Карни.

„Кога луѓето велат дека мажот ‘ги чува’ сопствените деца“ – Не, не ги чува децата, тој им е родител на децата – Криси Џ.

„Женичке“ – Оваа фраза ме полудува – Анџела Х.

„Семејство од милион долари“ – Само што родив момче, а веќе имам девојче. Сега сите ни кажуваат дека сме „семејство од милион долари“, што значи дека сме совршено семејство: двајца родители и едно момче и едно девојче. Толку застарена изрека што во основа го навредува секој друг вид семејство – Кристина Бел

„Секое бебе е различно“ – Се чини дека секој совет што ќе го добијам од медицински професионалец завршува со: „Но, секое бебе е различно“. Ова е причината зошто никој нема совршен одговор за тоа како да го натерате вашето бебе да спие, да јаде и сите други мистерии – Кели Дојл.

„Кога некој вели дека одгледувањето деца е негова ‘работа’ – Не дека не е напорна работа. Но, одгледувањето деца и работата не се исти – Џен Б.

„Бесценети бебиња“ – Не е проблем кога луѓето зборуваат за своите бебиња и не ми пречи кога ќе ги наречат „бесценети“, но кога зборуваат за нивните „бесценети бебиња“, ме полудува – Мери Т.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top