Лаура Валантајн отсекогаш ја воодушевувале стриповите. Првата книга што ја добила како дете била колекција од приказни во вид на стрип од данскиот карикатурист Херлуф Бидструп, кој и понатаму има огромно влијание врз неа. Но, огромно влијание врз неа имал и нејзиниот постар брат Рокас, кој уште како дете цртал стрипови. Така, пред 30 години таа почнала да создава стрипови.
Како што вели, оттогаш многу работи се промениле, но секогаш му се враќала на цртањето кога била под стрес, кога била возбудена или едноставно кога ѝ било досадно. Затоа се менувал и стилот на нејзините цртежи.
Кога станала мајка на Винсент, таа доживеала огромни промени во животот. Недостигот на сон, губењето на себеси и постојаното двоумење за која било одлука што ја носела како родител направиле да се чувствува како лош родител.
Како што нејзиниот син растел и се претворал во среќно мало момче, таа сфатила дека самите родители се натпреваруваат со некои имагинарни идеали на родителството. Токму затоа таа одлучила да создаде стрипови со кратка сатира што ги документираат нејзините искуства како мајка, нарекувајќи ги „Тодлерама – нецензурирано родителство“.
Обид да се балансираат работите
Кога вистинската паника ќе ве стигне
Работење од дома
Егзорцизам пред спиење
Во паркот…
Логика…?
Спиењето е за слаби личности
Нема одење во тоалет без мене, јас го поседувам твоето време. Спиењето е за слабите, јас го поседувам твоето внимание. И, ослободи се од мачката, сега јас ја поседувам твојата љубов.
Толку блиску, а сепак толку далеку
Едноставно е – го сакам она што не го сакам!