Шансите за тројка не се големи – колку да имате претстава, во Австралија од вкупно 309.142 раѓања имало само 60 тројки во 2017 година – па затоа не е чудно што на овој татко му беше потребно малку време за да ја процесира информацијата.

Откако Стефани Валас била на гинеколог за ултразвук во текот на нејзината трета бременост, се упатила на работа кај својот сопруг за да му ги покаже фотографиите.

– По две добиени деца, го изненадив мојот сопруг на работа со ултразвук од третата бременост – напиша Стефани на „Јутјуб“, споделувајќи ја снимката.

– Го скрив телефонот во џебот од јакната за да не знае дека снимам – додава таа.

Кога ги видел фотографиите, тој се збунил, па почнал да гледа де во Стефани де во фотографиите, прашувајќи се дали нешто не е во ред.

Кога Стефани му истакнала дека сликите се од „бебе А“, „бебе Б“ и „бебе В“, тој полека сфатил дека не очекуваат само едно, туку три бебиња.

– Ќе имаме три бебиња? Сериозна си? Еден, два, три? Три? Дали си сериозна? – ѝ рекол тој на Стефани.

– Зошто е тоа лошо? – ја прашал тој неговата плачлива сопруга, искрено збунет. – Тоа е неверојатно!

– Здрави се? Дали е сè како што треба?

Откако доби „да“ како одговор, тој почна да се смее.

– Неверојатна си, тоа е одлично. Душо, ова е добро. Среќен сум. Ќе ни треба поголема куќа!

Луѓето што го гледаа овој клип се заљубија во овој татко и неговата реакција.



912

X