Група пријатели се собрале пред новогодишната елка за да направат забавна празнична фотографија.

Фотографот одбројува: „3, 2, но наместо 1, вели: Тија е бремена!“

Видеото зумира во забавената снимка за да ги прикаже изразите на радост, возбуда и шок на лицата на пријателите.

Џордан и Тија Ли велат дека зад видеото, кое собра повеќе од 25 милиони прегледи, има интересна приказна.

– Мислев дека ќе биде навистина смешно ако го забавиме видеото и ги зумираме сите вакви реакции. Ја чекав вистинската можност и кога ја добив, го направивме тоа – вели 29-годишниот Џордан.

@thejordanlee

Hilarious ???

♬ original sound – Jordan Lee ?

Двојката беше мотивирана да создаде незаборавна најава за бременост бидејќи во последните две години се борела со неплодност.

– Многумина што се борат со неплодност се изолирани и осамени. Мислев дека е важно да го споделам ова и да покажам дека не сме сами – додава Тија.

Не очекувале дека видеото ќе стане толку популарно. Како што велат, сега се насочени кон подготовките за доаѓањето на бебето.

Извор



912

X