Овие упатства во развојната мапа се само обележја кои го покажуваат статистичкиот просек на возраста на детето и нивото на развој. Постојат оптимални и целосно очекувани отстапувања од просекот во развојот на секое дете, но доколку се сомневате, многу е важно да контактирате со стручно лице, кое може да го одреди степенот на отстапување и потенцијалните причини.
Што може да направи четиригодишно дете?
Развој на крупни моторни вештини:
-Марширање по ритамот на музиката.
-Одење во права линија со едната нога пред другата со раширени раце.
-Возење трицикл.
-Слегување по скалите со едната нога пред другата.
-Скока од втора скала.
-Шутирање на топката додека трча.
-Прескокнување пречка широка 20 см.
Развој на фини моторни вештини:
-Се обидува да нацрта човек – глава и торзо („полноглавец“).
-Гради кула од десет коцки.
-Копира дијагонална линија.
-Црта квадрат.
-Копира неколку печатени букви.
-Ја превиткува хартијата дијагонално.
-Ги мие само лицето и рацете.
Развој на перцептивни способности:
-Разликува и препознава звуци и гласови.
-Подредува чипови по боја или големина (четири бои или големини).
-Спарува коректно осум форми.
-Забележува недостатоци на цртеж.
-Ја разбира врската помеѓу дел и целина.
-Склопува сложувалка од дванаесет дела.
-Ги препознава нештата со допирање без да гледа (предмет во торба).
Развој на интелектуални способности:
-Пребројува четири предмети во низа.
-По прикажувањето, ги подредува логичките блокови според два атрибути („Најди го црвениот круг“).
-Решава едноставни проблемски ситуации („Што правиш кога си гладен?“).
-Повторува четири броја или реченици од шест збора.
-Гради мост од три коцки според даден модел.
-Составува слика од два дела.
-Продолжува започната низа (одредени секвенции на бои, форми или големини).
-Брои четири елементи од куп од 10 елементи.
-По прикажувањето, ги подредува логичките блокови според три атрибути („Дај ми голем црвен круг“).
-Отежнато совладување на педагошките барања во градинка.

Развој на говорни вештини:
-Го вербализира дејството што следи во познати приказни.
-Ги опишува дејствата на сликата.
-Долги монолози.
-Реченицата комплетна, говорот разбирлив.
-Постојано поставува прашања.
-Брои до четири механички.
-Користи 1.200-1.500 збора.
Социјално-емоционален развој:
-Воспоставена контрола на дефекацијата и мокрењето (потребна е помош при тоалетот).
-Прво заљубување.
-Кооперативна игра со врсниците.
-Почнува да прифаќа едноставни правила на играта.
-Самоиницијативно ги поздравува возрасните.
-Независно се подготвува за спиење.
-Започнува со емоционално поврзување.
-Појавување на емоции: срам, завист, надеж и гордост – првите естетски чувства.
-Невротични манифестации: цицање палец, влечење коса, триење на делови од телото.
-Енуреза.
-Ниско ниво на толеранција на фрустрација.
912