Постои ли еден вистински начин за да се одгледа дете? Колку начинот на воспитување е одреден од нашата култура? Како начините на воспитување ја покажуваат суштината за нас како нација? Ова се некои од прашањата што ги поставува Џенифер Сенијор, автор на книгата „All joy and no fun: The paradox of modern parenthood“. Во книгата таа открива начини на кои општеството во кое живееме влијае врз начинот на кој се одгледуваат децата.
Така, Американците најмногу учат за родителството од пријатели, книги и од интернет-страници. Тие ги преферираат најновите стратегии за воспитување деца за подобро да ги подготват за успех во иднината.

Во Норвешка детството е институционализирано. Повеќето од децата се на целодневна грижа финансирана од државата. Норвежаните сметаат дека за децата е подобро да бидат на целодневна грижа уште додека се бебиња. Таму е нормално децата да спијат надвор, на свеж воздух, дури и кога е студено.

Во Јапонија децата извршуваат домашни обврски уште на 7-годишна возраст. Тие користат метро и сами одат по улица.

Во скандинавските земји фокусот е ставен на демократската врска меѓу родителите и децата. Во Шведска правата на децата се битни. На пример, детето има право да спие во кревет со родителот кога ќе посака.

Спиењето со друг член од семејството до доцна во детството е често во делови од Азија. Корејските родители трошат повеќе време држејќи ги своите бебиња и имајќи физички контакт. Но, во семејството послушноста е најбитна, а не демократијата.

Според еврејската традиција, детето се воспитува за да ги напушти родителите. Тоа мора да биде подготвено за предизвици. Од друга страна, родителите во САД и азиските нации повеќе се фокусираат на поттикнување академски резултат.

Холандските родители веруваат во помалку форсирање на своите деца. Највисоки приоритети за нив се редовниот одмор, храната и пријатната околина.

Во Шпанија семејствата се фокусирани на социјалните аспекти на развојот на детето и таму би биле шокирани доколку детето им легнува во 18:30 часот и спие до следниот ден наместо да се дружи и да биде дел од семејниот живот.



912

X