Кога се работи за теми како што се животот и растењето, сигурно е дека момчето може многу да научи од возрасниот маж. Но, дали може маж во зрели години да научи нешто од младо момче? Прочитајте го разговорот, па сами заклучете. Меѓу момчето и возрасниот маж има 57 години разлика. Еден на друг си поставуваат прашања за животот и растењето. Намерата на испитувачот била да се види дали луѓето во различни периоди од својот живот можат да учат еден од друг. Погледнете го видеото докрај, ќе ве допре до срцето…

Мажот: Што е најлошо кога си млад?
Момчето: Добиваш многу домашни задачи. И секогаш си некако меѓу доброто и лошото. Што е најлошо кога си стар?
Мажот: Тоа што не можеш да правиш некои работи што си ги правел како млад.
Момчето: Не можеш да се наведнеш и да дофатиш нешто од подот?
Мажот: Тоа сè уште можам да го направам, но телото станува сè покруто.
Момчето: Знам, многу боли кога ќе се обидеш да се наведнеш.
Мажот: Да, така е. Почесто се разболуваш. Се надевам дека јас нема да се разболам, но тоа е проблем.
Момчето: Тоа е прилично лошо.
Мажот: Да.
Момчето: Јас сум бил во болница единствено кога мама ме роди.
Мажот: Дали би сакал да си постар?
Момчето: Можеби. Кога би бил постар, ќе можам сам да купувам работи и да се оженам, но тоа би било без врска. Дали би сакал ти да си помлад и зошто?
Мажот: Кога си млад, одлично е тоа што имаш повеќе време да направиш нешто. Би можел да си играм, некогаш си играв каубојци и Индијанци.
Момчето: И јас го играм тоа!
Мажот: Навистина? Прекрасно е кога си млад. Би можел повеќе да ја употребувам фантазијата.
Момчето: Тоа е тажна приказна. Ти не можеш повеќе да го правиш тоа.
Мажот: Би можел да бидам стар каубоец. Дали ти сакаш да се вљубиш? Како би изгледало тоа?
Момчето: Не знам. Можеби ќе имаме деца и ќе биде забавно… дури и ако морам да менувам пелени, ќе биде забавно! Но што ако бебето плаче?
Мажот: Кого го сакаш сега?
Момчето: Мајка ми.
Мажот: А татко ти?
Момчето: Го сакам и татко ми и своето семејство. Дали ти си се вљубил некогаш? Како изгледаше тоа?
Мажот: Мене ми беше поинаку. Јас се вљубив, а таа си замина.
Момчето: Дали се венчавте?
Мажот: Не, за жал, мојата партнерка почина. Тоа беше тажно. Беше болна.
Момчето: Ќе се расплачам.
Мажот: Не, немој. Не, не. Тоа се случува, Шон. Животот е таков. Но, имам многу убави спомени. И често се сеќавам на нив. Можеш да се сетиш на сите добри работи, а тоа е најважно.

Момчето и мажот потоа биле замолени да си дадат совет еден на друг.

Мажот: Советот што можам да ти го дадам, Шон, е дека не мораш да бидеш богат за да бидеш среќен, прави го она што го сакаш, она поради кое се чувствуваш добро. Бидејќи, кога ти си среќен, и сите други се среќни.
Момчето: Однесувај се нормално, немој да бидеш глупав, немој да ги малтретираш луѓето. Мојот пријател Алекс, секогаш кога е повреден, јас го прегрнувам.
Мажот: Тоа е добар совет. И биди тоа што си, не дозволувај им на другите луѓе да ти кажуваат што треба да бидеш ти. Зарем не е вистина тоа?
Момчето: Да.
Мажот: Сигурен сум дека ќе бидеш многу успешен во животот, ќе ги имаш сите вистински работи и добри пријатели и ти посакувам секогаш да стекнуваш нови пријатели. И животот нека тече.



912

X