Воспитување

Расти мудро, сакај многу, стареј грациозно… Писмо од татко до ќерка

Татко на четиригодишно девојче пишува писма кои планира еден ден, кога ќе дојде време, да ѝ ги прочита на својата ќерка. Но, тој им пишува и на сите жени што сакаат да слушнат збор-два од еден татко.

Тој потсетува дека никој не смее и не може да ја дефинира вистинската убавина на жените, но многу луѓе се обидуваат да го направат тоа.

Свесен за вистинската и природна убавина на секоја жена, тој не сака неговата ќерка еден ден да го маскира своето лице со шминка која ќе го промени целиот нејзин изглед бидејќи другите ѝ рекле дека тоа е неопходно. Затоа вредно работи на тоа да не се покори на типичната претстава за жената што ја нудат медиумите, иако смета дека пред него претстои многу работа, но верува дека ќе успее.

Еве го неговото писмо:

Драга малечка,

додека ти го пишувам ова, стојам во продавница каде што се продава шминка. Неодамна еден пријател ми испрати порака додека се наоѓаше на слично место и ми рече дека се чувствува како да се наоѓа на едно од најсуровите места на светот. Затоа сакав да се обидам да сфатам зошто е така. И сега, додека седам тука, почнувам да се согласувам со него. Зборовите имаат моќ, а зборовите што се на полиците со шминка гледам дека се навистина моќни. Зборовите и фразите како следните: пристапно, преубаво, безгрешно, беспрекорно, сјајно тело, течна моќ, изберете природно, пркосење на годините, моментално го враќа времето, избери го твојот сон, речиси гола и природна убавина.

Кога ќе станеш родител на девојче сфаќаш дека таа е силна, огнена душа со исти желби и страсти какви што ги имаат сите други. Сепак, додека седам во делот од продавницата во кој се нуди шминка, гледам дека поголемиот дел нема да те гледаат како таква. Ќе те гледаат како убаво лице и тело за уживање. И ќе ти речат дека мора да изгледаш на одреден начин за да вредиш и да бидеш влијателна.

Но, зборовите имаат моќ, и можеби, само можеби, зборот на таткото може да се натпреварува со зборовите низ светот. Можеби зборовите на таткото можат да ѝ помогнат на девојка да воспостави стабилно чувство за сопствената вредност и убавина.

Зборовите на таткото имаат различно значење.

Силно тело – нека твоето тело не биде во ноктите, туку во срцето. Сфати која си, а потоа ќе можеш успешно да се пробиваш низ животот.

Избери го својот сон – но, нека сонот не доаѓа од полицата. Пронајди тивко место во себе и тука основај ги твоите соништа. Откриј што сакаш во овој свет и кога ќе го избереш, продолжи со тоа, со интегритет и надеж.

Гола – светот сака да се разголиш, но ти слечи ги ракавиците. Кажи што ти лежи на срцето. Биди ранлива. Ризикувај. Сакај ги и оние што не знаат што е љубов. Сето тоа прави го разголено. Отворено.

Безгрешно – биди секогаш свесна дека безгрешното и совршеното не постојат. Тоа е илузија што ја создадоа луѓето кои се заинтересирани за твојот паричник.

Пркоси им на годините – твојата кожа ќе се збрчка, а младоста ќе исчезне, но твојата душа вечно ќе остане млада. Секогаш ќе знае како да игра, како да ужива и како да лудува во овој живот во кој имаме само една можност.

Беспрекорно завршување – крајот нема никаква врска со тоа како денес изгледаме, но има врска со тоа каков е нашиот живот. Затоа, годините од животот нека бидат подготовка за денот кога ќе дојде крајот. Стареј грациозно, расти мудро, сакај многу. Нека твоето беспрекорно завршување биде спокојна прегратка на крајот и пат кон непознатото.

Каде си најубава? Внатре!

Од моето срце до твоето,

Тато.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top