Дали знаете дека растењето со сестра може да влијае врз вашиот живот како возрасен? Имено, ново истражување открива дека луѓето што пораснале со сестра имаат поголема веројатност да бидат посреќни и попозитивни во животот.

Студијата е спроведена на повеќе од 570 луѓе, на возраст од 17 до 25 години, на Универзитетот „Алстер“ во Северна Ирска. Истражувачите им поставувале психолошки прашања на испитаниците за многу теми, вклучувајќи ги и оние поврзани со нивното ментално здравје.

Резултатите од истражувањето покажале дека токму сестрите ги охрабрувале испитаниците да зборуваат поискрено и отворено за своите чувства, давајќи им поддршка и пооптимистичен поглед на животот. Професорот Тони Касиди открил дека сестрите поттикнуваат поотворена комуникација и кохезија во семејствата, што е основа за добро ментално здравје.

Не толку одамна, во 2010 година, слична студија била спроведена од Универзитетот „Бригам Јанг“, која покажала дека луѓето што пораснале со сестри се пољубезни и поемпатични од децата единци или оние што имаат само браќа. Истражувањето покажало и дека растењето со сестра нѐ прави поамбициозни и независни.

Имено, вообичаена појава е помалата сестра често да ја имитира постарата како дел од општествениот развој, а иако често не сме свесни за нејзиното влијание, истражувачите нагласуваат дека сестрата е клучната личност во текот на човековиот развој.

Извор



912

X