За недостигот на емпатија кај децата во поткастот „Агеласт“, со авторот и водител Галеб Никачевиќ, зборува д-р Ранко Рајовиќ, специјалист по интерна медицина, магистер по неврофизиологија и автор на програмата НТЦ, која ја предава во различни делови на Европа.

-Кога имаат проблем со емпатијата, тие не се снаоѓаат. Различно реагираат, се чудиме како немаат емпатија. Медицината не го опишала тоа, а деловите од мозокот не им работат добро. Тие не поврзуваат информации, немаат чувство за други луѓе, само сетете се на Ерик Фром, а јас ќе завршам со Доситеј Обрадовиќ кој рече: „Научете ги децата на љубезност, светот зависи од тоа“. Во превод, научете ги децата на емпатија, иднината на државата зависи од тоа – деца без емпатија значи пропаст на државата. И ќе повторам, сè зависи од тоа дали ќе ги научиме младите на добрина“, изјави Рајовиќ.

„Училиштето не е за децата да учат само математика и физика, туку од нив да развиеме целосна, комплетна личност, способна да размислува, поврзува, помага. Некои ќе отстапат од сето тоа кога ќе пораснат, па ќе навлезат во криминал, некои не знам каде, но ние ги развиваме и издржуваме во просек од 14 до 18 години. Но, ако сите залутаат на 12 или 14 години, на што можеме да се надеваме? Нема многу такви деца, без емпатија. Но, екстремните примери почнуваат да се појавуваат и ги има сѐ повеќе – тоа е проблемот, дури и 3 или 4 проценти се многу. Децата не се наш проблем, туку на родителите и мораме да им објасниме некои работи на родителите, па тие ќе им ги објаснат на децата.

А ние до децата не можеме да дојдеме, родителите треба да си го обработат својот дел, затоа се родители. А кој му ја поставува границата на детето? Па, родителите. Ако детето нема граница, дали тоа ќе знае само да си создаде – нема да умее. Ќе ги изгубиме нашите деца. Тоа е суштината на таа приказна“, вели тој на крајот од разговорот.

Извор



912

X