„Плоштад Слобода“ објавува отворен повик за учество во работилница за деца посветена на модернистичката архитектура на Скопје, а поддржана од програмата за култура на Град Скопје. Преку својата креативност, по посетите на одредени објекти, учесниците ќе се посветат на создавање ликовни и фотографски дела.

Со учество во овој проект учесниците ќе можат да споделуваат знаења и да ги надградат своите аналитички и уметнички вештини преку индивидуалното и колективно изразување. Работилниците ќе бидат водени од страна на Наташа Вчкова (архитектура и фотографија), Стефан Видиков (дигитална фотографија), Никола Ѓорѓиевски (архитектура/урбанизам), Доротеј Нешовски (ликовно творештво) и Гала Насева (аналогна фотографија). Материјалите, како и опремата за фотографија (дигитална и аналогна), ќе бидат обезбедени од страна на тимот на „Плоштад Слобода“.

Дополнителни информации:
• за деца на возраст помеѓу 8 и 12 години
• за време на викенд, 3 викенди по ред, по три часа – на 6 и 7, 13 и 14 и 20 и 21 април
• едукативни прошетки и посети на различни локации низ Скопје (МСУ, ФЛУ, МОБ, УКИМ и други)
• ликовна работилница и работилница за аналогна и дигитална фотографија (креирање дела инспирирани од едукативните прошетки)
• изложба на делата изработени од страна на учесниците која ќе се одржи на Архитектонскиот факултет и публикување на издание кое ќе биде каталогизирано и достапно во НУБ „Св. Климент Охридски“

Рок за пријавување: 04.04.2018год.
Пријавување на: plostad.sloboda.skopje@gmail.com
Контакт:
• 077 702 379
• 071350170
• 078744044



912

X