Кога сте бремени, сосема е нормално да имате многу прашања. Додека не ја доживеете бременоста од прва рака, нема да можете навистина да разберете што носи оваа состојба. Слушањето на други жени кои го доживеале ова пред вас не е секогаш смирувачко, а медицинските совети се менуваат одвреме-навреме, така што мудрите зборови што ги следеле вашите мајки или баби денес можеби повеќе нема да бидат валидни.

Гинекологот Вирџинија Чан, која работи во Детската здравствена болница „Стенфорд“, открила за „Ромпер“ што треба да знаете за бременоста за што можеби не сте биле свесни.

Не мора да престанете да тренирате

Заблуда е дека не треба да тренирате, да кревате тешки предмети, да одите по скали или да стоите во метро додека сте бремени, особено во првото тримесечје. „Тоа е културна или генерациска разлика – нашите родители го велеа тоа во првото тримесечје. Само остани в кревет, не вежбај или ќе имаш спонтан абортус“, вели д-р Чен. „За време на бременоста сакате да бидете во форма и да имате енергија, а вежбањето помага во сето тоа“, вели таа. „Можете да вежбате исто како пред бременоста“, објаснува д-р Чен. „Обично препорачуваме 30 минути умерено вежбање пет пати неделно.“

Единствените видови активности што треба да се избегнуваат се оние што може да се сметаат за опасни, како што се оние кои носат висок ризик од падови или повреди, но нема причина да не вежбате, покрај тоа што ќе го информирате вашиот лекар.

Внимавајте на состојките во сè, не само во храната

Добро е познато дека кога ќе забремените, треба да престанете да пиете алкохол и да се грижите за тоа што јадете. Сепак, храната не е единственото нешто на кое треба да внимавате. Треба да ги прегледате и вашите козметички производи и производи за нега на тело. Д-р Чен предлага да разговарате со вашиот гинеколог доколку имате какви било грижи или прашања во врска со безбедноста на производите што ги користите.

Во ред е да му верувате на вашето чувство дека нешто не е во ред

Според д-р Чан, доколку има некакви грижи, секогаш треба да се консултирате со вашиот лекар за да бидете сигурни. Вашиот доктор може да ви помогне конечно да сфатите дали треба да бидете загрижени или не.


Постпородилната депресија е многу реална

Веројатно сте слушнале за постпородилна депресија – но тоа не значи дека ќе ја препознаете ако почне да ви влијае. „Многу е вообичаено да се чувствувате малку депресивно, да плачете повремено или да сте навистина уморни во првата недела по породувањето“, вели д-р Чен. Бидејќи ова искуство е толку универзално, лесно е да се пропуштат знаците дека работите стануваат посериозни. Ако со текот на времето вие или оние околу вас забележат дека состојбата не напредува на подобро, може да се работи за постпородилна депресија. Според д-р Чен, ако овие чувства влијаат врз вашето нормално функционирање, треба да разговарате со вашиот лекар за да ја добиете потребната помош и поддршка.

Не мора да се задоволувате со тоа што не спиете

„Сметаме дека мајките треба да бидат суперсуштества на кои не им треба многу сон“, вели д-р Чен, но тоа не е точно. „Им го нагласувам ова на сите мои пациенти: спиењето е многу важно и мора да му дадете приоритет бидејќи ако не спиете, ќе бидете уште поемотивни, подепресивни и поуморни.“

Затоа купете си перници за тело кои ќе ви помогнат удобно да спиете додека сте бремени. По породувањето потрудете се да спиете кога бебето спие. Исто така, добро е да побарате помош од партнерот, семејството или пријател за да можете да си го дозволите многу потребниот одмор. Потсетете се дека домашните работи и гостите можат да чекаат. Вашето здравје и здравјето на вашето бебе се приоритет.

Извор



912

X