Кога станува збор за таткото и неговата улога во родителството, навистина можеме подобро. Ник Симард, татко на три деца и блогер, дава листа со работи што треба да престанете да им ги кажувате на татковците.

1. „На должност си?“

Таткото е родител. Кога последен пат на кој било детски роденден или во паркот ѝ рекол некој на некоја мајка: „На должност си?“ Секако, претпоставка е дека е на должност. Таа е мајка и мајките го прават тоа. Татковците само понекогаш се појавуваат за мама да добие пауза, нели? Не. Не е вистина. Таткото не е на должност.

2. „Вечерва ти ќе ги чуваш?“

Чување деца е кога чуваш туѓо дете за неговиот родител да може да оди на состанок или на работа. Седењето дома со сопствените деца, дури и тогаш кога тоа го прави таткото, се нарекува родителство. Кога таткото навечер излегува со другарите на пиво, да гледа натпревар или нешто друго, мајката останува дома со децата и „си ја работи работата“. Истото важи и за татковците. Престани тоа да го нарекуваш чување на детето.

3. „Малку мир и одмор за мама?“

Зошто претпоставуваме дека мама е примарна негувателка? Или кога таткото е со децата, тогаш тоа е само затоа што мајката треба да се одмори? А кога ќе ја видиме мајката, дали велиме: „Тато е на одмор?“ Не! Знам дека во повеќето случаи жените преземаат поголем дел од родителска улога, но тоа не значи дека единствената причина за таткото да биде со децата е за мајката да може да се одмори. Родителството е тимска работа. Понекогаш мајката е со децата, понекогаш таткото. Или барем така треба да биде.

4. „Се надевам дека куќата ќе биде на место кога мама ќе си дојде дома“

Бидејќи татковците се неспособни и не знаат како да спречат нешто да се скрши или детето да падне. Ако тоа не го прават често, да, би можело да биде хаос кога ќе се врати мама. Возрасните мажи треба да бидат способни да останат дома со децата, а куќата да не се распадне.

5. „Денес тато ја избра облеката“

„Хаха. Детето има различни чорапи или маицата му е наопаку облечена. Глупав татко! Не знае подобро“.

Дали навистина мојата жена вели дека немам чувство за мода кога станува збор за облеката на нашите деца? Апсолутно. Но, дали е вистина дека секојпат кога детето ќе биде „лошо“ облечено виновен е тато? Секако дека не. Мајките можат да бидат толку преокупирани со други работи околу децата, што едноставно не размислуваат како ги облекуваат. Дали е чисто и уредно? Е, тогаш може да излезе.

7. „Леле, тој менува пелени!“

Ударна вест: мажите се во состојба да сменат пелена без да им падне детето и без да измачкаат. Мажите не треба да добијат награда или парада бидејќи менуваат пелена. Тоа е дел од родителството исто како што се хранењето, капењето и спиењето.

7. „Имаш среќа што ти е од корист“

Не. Нема среќа. Тоа не треба да биде како жените да победиле во „фантастична тато-лотарија“ бидејќи мажот си ја завршува родителската работа. Не е корисно кога ќе претпоставиме дека мажот не прави апсолутно ништо и потоа велиме дека мама е толку среќна што тој ѝ помага околу децата. Очекувајте повеќе и сфатете дека има многу татковци што не очекуваат мајките да ги прават сите „родителски работи“.

Извор



912

X