Специјалистот за репродукција Натали Крафорд на својот инстаграм-профил редовно објавува совети и едукативни видеа за плодноста и сите други работи поврзани со зачнувањето и бременоста. Таа неодамна објави видео во кое ги објаснува петте работи што мажите треба да ги избегнуваат доколку сакаат нивната партнерка да забремени.

Имено, како што објаснила во видеото кое брзо станало вирално, одредени работи и навики можат негативно да влијаат врз квалитетот на сперматозоидите, но и да доведат до неплодност. Таа тврди дека мажите треба да престанат да пушат цигари, како и марихуана, бидејќи докажано е дека оваа лоша навика го намалува производството на сперматозоиди и негативно влијае врз нивниот квалитет. Исто така, таа смета дека треба да избегнуваат земање стероиди или други слични препарати.

Покрај тоа, советува мажите да избегнуваат масни производи бидејќи содржат многу лоши хемикалии и други состојки кои влијаат врз плодноста.

А како последна, но не помалку важна навика, докторката ја посочува положбата во која се поставува лаптопот во скут. Крафорд предупредува дека топлината што доаѓа од лаптопот додека работи може да ја зголеми и топлината во тестисите, што негативно влијае врз плодноста кај мажите.

Извор



912

X